Mагично театарско доживување, длабока емоција – Театарот од Благоевград гостуваше во Битола

Театарот од Благоевград гост

Публиката во Народниот театар – Битола, имаше единствена можност да ужива во импресивната претстава „Метаморфози“, текст по Овидиј… Во режија на Стајко Мурџев, продукција на Драматичен театар “Никола Вапцаров” – Благоевград, Р. Бугарија. 

Театарот од Благоевград се претстави со современа интерпретација на класичните митови. Спој на прекрасна актерска игра, инспиративна сценографија и длабока емоција која го одразува бескрајното човечко стремење за промена и преосмислување. Беше понудено магично театарско доживување.

„Метаморфози“ е перформанс – компилација од антички митови, која навлегува длабоко во човековата свест и ги истражува неговите најдлабоки чувства. Режисерот е познат по своите иновативни пристапи и длабоки интерпретации, кои секогаш оставаат траен впечаток на сцената. Преку импресивната сценографија на Никола Налбантов, оригиналната музика на Петар Дундаков и експресивната кореографија на Станислав Генадиев, „Метаморфози“ ги презентира универзалните теми на љубовта, смртта и трансформацијата, приспособувајќи ги за модерната публика.

Актерите на публиката и откриваат цела палета на човекови емоции.

Претставата „Метаморфози“ ја доби престижната награда ИКАР 2024, која ја потврдува професионалноста и високото ниво на работа на целиот тим.

По големиот успех во Бугарија, оваа претстава ja започна својата турнеја на меѓународните сцени за да докаже дека магијата на антиката и денес може да биде инспиративна.

ПР Текст