Премиера на Театарска претстава „ГАЛЕБ“ од А.П.Чехов ќе биде сензација претставена на битолската публика во Битолскиот Театар… Во Сабота 14.09.2024 г. со почеток во 20.00 ч.
За делото на Чехов: „Неколкумина блиски луѓе, посветени на уметноста и заљубеници во неа, се собираат на имотот (познатото Чеховско место на дејствие во неговите пиеси) на најстариот од нив на вообичаена семејна средба, но таа станува повод за соочување со сопствениот живот и преиспитување на меѓусебните односи. Во таа „проверка“ на своите животи, судирајќи се еден со друг и секој самиот со себе, во потрага по сопствениот идентитет, се обидуваат да дојдат до смислата и да го потврдат значењето на она што го прават и што го очекуваат од себеси и од другите. „Галеб“ е претстава за судирот на мечтите и реалноста… За копнежот по хармонијата на животот… За промашените животи, кои се обидуваат да ја најдат смислата на живеењето преку творештвото… Маката на создавањето, за стремежот кон идеалот што инспирира. Но, и може да ја изобличи реалноста во која се живее…
Ова е пиеса за љубовта. („Многу разговори за литературата, малку дејствие, пет пудови љубов“, така Чехов се шегувал давајќи карактеристика за пиесата). ...За невозвратените чувства… Заемното недоразбирање, за горкото разочарување од себеси и другите. За обидот да се најде одѕив во другата душа и достоинствено да се износи тежината на сопствениот живот…“ Оливера Павловиќ. Претставата е во режија на Багријана Попов. За претставата во ПР Тексот кој стигна до нашата редакција е запишано: „Ме привлекува ова езеро, како галеб“. „Како да се разбудив и видов дека одненадеж езерото пресуши“
Во оваа претстава ја истражуваме улогата на езерото и животната средина во корелација со животите на луѓето. Галебот прикажува една еколошка средина во која што езерото, човечките односи, љубовта, животот и дивиот свет се меѓусебно поврзани и кревки.
Млад човек живее покрај езеро, во провинции, изолиран. Тој сонува да биде уметник. Младата жена во која е вљубен сонува да биде актерка. Неговата мајка е позната актерка. Нејзиниот љубовник е познат писател. Оваа прекрасна, нежна претстава нè води во светот на уметноста, љубовта, сонот за слава и болната реалност на животот.
Чехов ја нарече претставата комедија, но последниот момент е трагичен, со загубата на младиот Костја.
Претставата „Галеб“ ги наметнува прашањата: Како може да се избегне оваа загуба? Можеме ли подобро да се грижиме за луѓето и природата?
Со актерите од Битолскиот театар го носиме галебот овде и сега, со езерото како централен карактер, суптилно влијаејќи на односите кои се одвиваат околу него. Волшебната претстава на Чехов е љубовно писмо за животот, носејќи ја нашата свест до кршливост и потребата за грижа.
Багријана Попов е наградувана театарска режисерка, драматург и актер. Соработувала со признати актери во Австралија и Европа. Нејзината верзија на „Чичко Вања“ од Чехов, во продукција со „Ла Мама“, беше изведена со високи пофалби на фестивалот во Аделаида во 2019 година. Багријана покажува длабок и траен интерес за драмите на Антон Чехов и ги има адаптирано и режирано неговите четири главни драми. Театарската адаптација на „Вишновата градина“ – на „Прогрес и меланхолија“ – освои 3 награди, меѓу кои и награда за најдобра режија.
Таа предава и режира во повеќе институции во Австралија, вклучувајќи ги западно-австралиската академија за применети уметности, Викторија колеџот за уметности, Универзитетот во Тасманија, Универзитетот Ла Троб, Универзитетот Чарлс Стурт.
Улоги:
Јулијана Мирчевска
Илија Волчевски
Огнен Дранговски
Катерина Аневска- Дранговска
Васко Мавровски
Соња Ошавкова
Леонида Гулевска
Александар Димитровски
Живко Борисовски
Валентин Дамчевски
Дарко Велкоски
Сценографија : Валентин Светозарев
Костимографија : Благој Мицевски