„Те Дуа, жими мене“-Kомедијата што се граничи со сатира наскоро со своја премиера

те дуа жими мене

Сатирата постои одамна и веројатно е своевиден начин на изразување извесен „револт“ кон општеството. Ок, да не претеруваме. Можеби не е револт, туку само „благо“ исмејување на она што го живееме. Во сатирата се исмеваат остро негативните случувања во стварноста. Но, веројатно тешко му е на човек да се погледне во огледало, па ваквиот жанр, одамна не е „евидентиран“ во теaтар, на филмското платно или било која уметност. Значи ли тоа дека малку се оддалечивме од слободното изразување…Хм…Или што беше тоа? Како што најавуваат за новиот филм Те Дуа, жими мене, тоа е посебно доживување и урнебесна комедија што се граничи со сатира. До каде ќе одат со истата, останува да видиме на филмското платно на самата премиера.

Имено, „Те Дуа , жими мене“ е снимен во 2019 година и е независен филм. Својата премиера ќе ја доживее во киното „Синеплекс“.

Оваа комедија која се граничи со сатира раскажува за тројца пријатели кои се инволвирани  во опасната  „игра со дрога“ или поточно, се дел од шверцот со дрога. Се обидуваат да вратат  „купена жена“ од Албанија. Марјан Гавриловски е режисерот на овој филм, а сценариото е на Никола Кузелов. Валентин Видовиќ стои зад изворната музика, а зад камерата стои Александар Карпузовски.

Главните улоги ги толкуваат: Главните ликови ги толкуваат: Никола Кутузов, Атанас Атанасовски, Ангела Стојановска и Валентин Видовиќ.

Играат: Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Сенко Велинов, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Рујиш Беговска, Мирсад Набази, Тали, Елдин Широки, Исмаил Касуми, Надица Петрова, Сара Спиркоска, Ангела Димитрова  и Флакрон Алиу.

Оригиналната музика во трејлерот  што го најавува филмот е на Мишел Трајковски  во изведба , лично од него, како и од Џамбо Агушев, Благојче Трајковски , Иван Кукиќ и Давид Дамир.

Погледнете го трејлерот за „Те Дуа, жими мене

Извор