ТАНЕЦ во Битола – кога сцената станува огниште на традицијата

танец Битола

ТАНЕЦ во Битола – кога сцената станува огниште на традицијата

На 24 јули, на платото пред Офицерскиот дом во Битола, започнува спектаклот за кој ќе се зборува.

Со почеток во 20:30 часот, Националниот ансамбл за народни игри и песни „ТАНЕЦ“ ќе ја донесе својата најнова сценска продукција:

„Ритамот на душата, бојата на традицијата“. Концерт што го слави пулсот на народот, чекорот на предците и убавината на различноста во македонското фолклорно наследство.

Очекувајте вечер полна со енергија, со беспрекорна кореографија, раскошни носии и жива музика – изведена од еден од најпризнатите фолклорни ансамбли на Балканот.

Ова ќе биде „Танец“ – во својата најчиста, најживописна и највеличествена форма.

ПР Текст

[post_tags]