Тајните трикови на супермаркетите: Зошто трошите повеќе од планираното?

supermarketi

Тајните трикови на супермаркетите: Зошто трошите повеќе од планираното? Дали некогаш сте влегле во супермаркет само по леб и млеко, а сте излегле со преполна кошничка и повисок трошок од очекуваното? Не сте единствени! Ова не е случајност. Ова е резултат на внимателно испланирани маркетинг тактики кои ги користат супермаркетите за да ве наведат да купувате повеќе.

Како ве „намавуваат“ супермаркетите?

1. Шарено и свежо на влезот

Кога влегувате во супермаркет, прво што ќе забележите се свежото овочје и зеленчук. Ова не е случајно – живописните бои и природните мириси го активираат чувството на здрав животен стил и создаваат позитивна атмосфера за купување. Кога подоцна ќе посегнете по нешто помалку здраво, ќе се чувствувате помалку виновни бидејќи „веќе сте направиле добар избор“.

 2. Основните производи се далеку

Најпотребните намирници, како млеко, јајца и леб, никогаш не се наоѓаат на влезот. Напротив, тие се стратешки распоредени во најоддалечените делови од продавницата. Додека стигнете до нив, ќе поминете покрај многу други производи кои не сте планирале да ги купите – но сепак ќе ги ставите во кошничката.

3. „Намалувања“ кои не се баш намалувања

tajnite-trikovi-na-supermarketite-zoshto-troshite-poveke-od-planiranoto

Големи натписи со „ПОПУСТ“ или „АКЦИЈА“ привлекуваат внимание, но дали навистина заштедувате? Често цените првично се зголемени, па намалувањето не етолку значително. Дполнително, стартегијата „Купи 2, 1 гратис“ ве поттикнува да купите повеќе од потребното.

Следниот пат кога ќе одите во супермаркет, внимавајте на тајните трикови – сега веќе не се тајни оти сега веќе не се тајни, а купувањето паметно може да ви заштеди!

[post_tags]