Французите пијат повеќе од 11 милиони чаши вино годишно – Факти кои не сте ги знаеле

Франција

Секогаш интригантната Франција – Факти кои не сте ги знаеле

Франција – најфасцинантната земја. Дестинација која барем еднаш во животот треба да ја посетиме. Па ако не го имате сеуште направено тоа, наполнете се со животна енергија. Исполнете уште една цел во листата на желби.

Се разбира дека знаеме за ајфеловата кула, за Париз и парижанките, Монмартр, уметноста… За совршениот перфекционистички и автентичен стил во нивните домови, но веруваме дека во редовите подолу можеби ќе најдете на уште неколку нешта кои не сте ги знаеле за оваа вечно инспиративна и најатрактивна дестинација, убавица – Франција.

Франција

Сте знаеле ли дека оваа земја е всушност помала од државата Тексас во Соединетите Американски Држави.

  • Веројатно оваа информација е за љубителите на алкохол (Ете да не биди толку сурово, на грозје): Французите пијат повеќе од 11 милиони чаши вино годишно, што ги прави втори најголеми винопијци во светот, веднаш зад САД.
  • Милиони туристи доаѓаат секоја година да уживаат во оваа земја, во историјата и нејзиното богатството. Проценките покажуваат дека ова е најпосетуваната земја на светско ниво. Епа сега ако замислиме дека би живееле таму, веројатно и нема толку да ја сфаќавме како омантична. Добро е познато дека на французите страшно им смета целиот тој хаос и толпата на туристи.

Франција има хумана страна. Имено, во 2016 година донесе закон кој им забранува на супермаркетите да фрлаат храна со поминат рок. Наместо тоа, храната мора да се донира во хуманитарни организации или банки за храна, што е чекор во борбата против гладот ​​и спречување на непотребното фрлање храна.

  • Лувр во Париз е најголемиот уметнички музеј во светот. За да го видите секое уметничко дело за само 30 секунди, ќе ви требаат приближно 100 дена за да го разгледате целиот музеј. Епа за ова, вероатно ви треба неплатен одмор и живот во Франција. Хм..не би био лошо, но… Ех…Останува да веруваме во чуда!
  • Секој народ си има свој автентичен специјалитет и извесна традиција. А кога сме кај гурманлукот, префинетиот вкус и уникатноста при хедонистичкиот пристап, би рекле дека французите најповеќе уживаат во полжави. Тие, секоја година јадат неверојатни 25.000 тони полжави.

  • Само за љубителите на млечни прозиводи и сирење: Франција произведува повеќе од 1.500 различни видови сирење.
  • Еден од француските кралеви поминал само околу 20 минути на тронот, што е едно од најкратките владеења на еден монарх во историјата.
  • Камуфлажата била измислена од Французите за време на Првата светска војна во 1915 година, ангажирајќи уметници да ги сликаат нивните возила и оружје за подобро да се вклопат во нивната околина.

  • Французите веруваат дека ставањето багет (или кој било друг леб) наопаку на масата носи лоша среќа, а овој обичај датира од средниот век. (Се ми се чини дека и ние македонците сме го прифатиле нивниот обичај. Не за нашето друго… Од шубе 🙂

Во продолжение разгледајте го овој инстаграм профил од чии фотографии навистина останавме без здив и посакавме веднаш да се најдеме таму. Ех кога Дедо Мраз навистина би исполнувал желби. (Ова последното беше искрено. Детско верување во чуда. Епа, можеби еден ден… Само еден ден…)