Тајната зад подароците под елката – Како почна оваа магична традиција?

Тајната зад подароците под елката – Како почна оваа магична традиција? Продолжете со читање и ќе отккриете.

Каква порака носат подароците под елката и кога и каде започна сè?

Почетоци во Германија

Во 16-тиот век, германските семејства  го вкорениле обичајот да украсуваат елки како симбол на животот. Ставањето подароци под неа било знак на почит кон Христовото раѓање – дарот за човештвото.

Во Англија, за време на викторијанската ера, богатите семејства ја внесле елката во домовите како симбол на префинетост. Подароците под неа станале начин да се покаже љубов и внимание, а обичајот брзо се проширил низ светот.

Словенските Корени

Во Русија и Источна Европа, елката е „дрво на животот,“ а подароците под неа симболизираат дарежливост и солидарност. Тоа е момент што ги обединува семејствата.

Без разлика на потеклото, традицијата да се поставуваат подароци под елката денес е симбол на љубов, радост и споделени празнични мигови. Затоа, кога ќе ги отворите овие подароци, потсетете се дека тие носта многу повеќе од материјална вредност – топлина и грижа.

Така, тајната на подароците под елката е повеќеслојна – тајната на љубовта што се споделува, тајната на радоста што ги осветлува празниците и тајната на традицијата што не поврзува со минатото и меѓусебе.