Најбогатиот човек на светот Илон Маск официјално доби функција во новата администрација на Доналд Трамп 

Маск активно беше вклучен во кампања на Трамп и се појавуваше на митинзи. Според некои проценки, Маск вложил 200 милиони долари за да го помогне изборот. А сега е со официјална функција во новата администрација.

Имено, шефот на „Тесла“ Илон Маск, ќе го води новоформираниот оддел за владина ефикасност. Неговата задача ќе биде да создаде поефикасна влада. Ова тело ќе работи надвор од границите на владата. А Илон Маск ќе го води заедно со Вивек Рамасвами – поранешниот републикански кандидат.

Идејата на Доналд Трамп е да направи ревизија на целокупната администрација во земјата, која ја смета за сопирачка за напредокот на Америка.

„Маск и Рамасвами ќе го отворат патот за мојата администрација да ја разбие владината бирократија… Да го намали вишокот регулативи, да ги намали расипничките трошоци и да ги преструктурира федералните агенции. Новиот оддел ќе ги оствари долгогодишните републикански соништа. Ќе обезбеди совети и насоки надвор од владата“, кажа Трамп. меѓу другото сигнализира дека улогите на Маск и Рамасвами ќе бидат неформални. И за нив нема да се бара одобрување од Сенатот. Пренесува sdk.mk

Секако предноста е што Mаск ќе може да остане на чело на „Икс“, „СпејсЕкс“ и Тесла.

Одделот за владина ефикасност, ќе работи до 4 јули 2026, кога се одбележуваат 250 години од потпишувањето на Декларацијата за независност.