Тахини е паста од сусам што се користи во медитеранската и блискоисточната кујна како база на сосови, салати и други предјадења и јадења.
Направите ја дома оваа тахини паста вкусете едно поинакво кулинарско недоливо задоволство од медитеранската кујна. Ќе ви бидат потребни: сусам печен (250 грама), неутрално масло (две до четири лажици) и сол по вкус.
Она што најпрвин треба да го направите е да го испечете сусамот за да ја ослободите неговата арома. Откако ќе се подолади, ставете го во процесор за храна или популарно-блендер. Додадете прстофат сол и неутрално масло.
Пастата се чува во фрижидер до еден месец. Можете да ја користите како замена за путер, како прелив за салати со доза на капки од лимон. И доколку сте умешни и креативни, ќе ja употребите и во многу други јадења без да ја нарушите кохезијата на бои и вкусови.
Едноставно, брзо и практично!