Битола урбано место – Изложба „PROTOTYPE”, свежи концепти на млади уметници
Изложба „PROTOTYPE"истражување за уметноста, модата и општеството во кое живееме PROTOTY претставува изложба како спој на модниот дизајн на брендот LOM, уличната уметност од Hybrid Minds и електронската музика. Изложбата цели кон промовирање на творбите на локалните уметници во градот Битола. Истоимената изложба истовремено ја анимира графити културата и применетата уметност како една свежа перспектива на урбаното егзистирање. Двигател на идејата за концептот на PROTOTYPE е брзото и дигитализирано секојдневие Изложбата се состои од модна колекција на дизајнерка Марта Дојчиновска од модниот бренд LOМ и уметнички дела изработени од графити уметникoт Драган Милованов/Hybrid Minds. Изложбата ќе биде со времетраење од…