„Креативен ден“ – Кога уметноста и љубовта кон модата се прегрнуваат и стануваат едно
Ги сакам луѓето кои креираат. Тие личности некако поблиску се до моите сфаќања. Според мене, створени сме да создаваме и секој може да влезе во тој творечки моментум. Само треба малку насмевка и убава енергија. Ако сето тоа го зачиниме со талент, добиваме совршен микс. Во нашот случај, на 1ви Јуни ќе добиеме совршена модна приказна, настанот насловен како „Креативен ден“. На кафе во Бела Куќа Хотел Бистро, поразговаравме со уште еден од тимовите на настанот кој според нашиот фокус, е тенденција што ги спојува модните иновации со едукативниот процес. Големината на идејата се препознава во апелот кој самиот…