А зошто да не свежо цвеќе? Новиве домаќинки како да се навикнале да не се „замараат“ со ваквиот аксесоар кој всушност делува и тоа како на расположението. Веројанто на сите сетила.
Докажано е дека најпрво ја впиваме информацијата од просторот со очите. Затоа секогаш (колку и да се трудиме да бидеме „чил“ и далеку од комплекси), се трудиме и навистина ни е важно да изгледаме убаво, да изгледаме свежо, да немаме прекумерна тежина или обратно. Всушност, тука некаде можеби и сме во право. Естетиката игра голема улога во нашето расположение и комплетното примање на информациите и дразбите од сето она што не опкружува. И ние како перцепиенти и публика би сакале да живееме во свет на убавината во секој поглед. Па тогаш, зошто да не стремиме да бидеме убави, здрави и расположени. Започнете од малите нешта и започнете од свежо цвеќе во вашиот дом.
Свежо цвеќе набрано од градина делува позитивно и од еден друг аспект
Како да постојано алудираме кон вештачките работи. Кон миризливи свеќи, парфеми и некои хемиски препарати. Дури и кога купуваме прашок за алишта, се прашуваме дали да го употребиме поради миризбата. Таа е есенцијална за најголемата придобивка на светов – Добро расположение.
„Докажано е дека нервозите и расправиите се намалуваат и се намалува нивото на стрес кај партнерите“
Ок, ова апсолутно е наша измислица, макар што ни делува како да негде ја имаме прочитано. Замислете влегувате во расправија и одеднаш го гледате тоа цвеќе. Ако тргнеме од оној (често злоупотребуваниот) факт дека потсвеста е сунѓер, тогаш треба да им веруваме на очите и на мирисот. Затоа што кога еднаш сте му се восхитиле на тоа цвеќе, дразбата ќе биде секогаш иста само што ќе го погледнете.
(Ок, требаше да бидам психолог… Така се почесто си велат сите, а мене тоа ми звучи како фалење. Како божем, ох колку голем интелектуален капацитет имам, зошто не сум го искористила…Хмм… Не, не требаше. Измислувам, креативна сум и се обидувам да ви го разубавам денот. ) Фокусот кон тоа растение на кое еднаш сте му се восхитувале како што рековме, постојано ќе ви се враќа и нивото на серотонин веројатно би се зголемил. Расправијата ќе го намали својот интензитет и работите веднаш ќе си дојдат на свое место.
На свежото цвеќе ќе бидете горди како небаре вие да го направивте. А не треба ништо. Само да го наберите и редовно да го поливате и да му менувате вода. Тоа е симбол на уште еден живот во вашата куќа. На уште една љубов која треба да ја множете.
Свежо цвеќе? Зошто да не? Разбудете се во тој свет и уживајте со најубавиот аксесоар.
П.С. За инспирација погледнете ја фејсбук страницата „Дворчето“ и секако добијте ги сите потребни совети. Би поентирале со нивното мото: „Секое задоволство си има своја цена, единствено задоволствата на нашата душа се секогаш … БЕСЦЕНЕТИ … “