Светскиот ден на детето првпат е востановен во 1954 година како Универзален ден на детето. Се слави на 20 ноември секоја година за да се промовира меѓународното заедништво, свеста кај децата ширум светот и да се подобри благосостојбата на децата.
Датумот на Светскиот ден на детето, 20ти ноември е важен датум. Тоа е ден во 1959 година кога Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето. Тоа е и датумот во 1989 година кога Генералното собрание на ОН ја усвои Конвенцијата за правата на детето. Од 1990 година, овој ден ја одбележува и годишнината од датумот кога Генералното собрание на ОН ги усвои и Декларацијата и Конвенцијата за правата на децата.“- пишува un.org.
Во чест на овој ден, прочитајте неколку цитати и потсетете се колку детските очи знаат да стоплат, да не стопат, да не охрабрат, насмевнат и израдуваат. Почитувајте ги тие очи и дарувајте им љубов, нежност и прикажете им свет во кој ќе бидат пред се човечни.
„Јас имам многу цвеќиња, но најубави цвеќиња се децата.“ – Оскар Вајлд
„Три нешта ни останале од рајот: ѕвездите во ноќта, цвеќињата преку ден и детските очи.“ – Данте Алигиери
„Човештвото им должи на децата сè најдобро што може да им се даде.“ – од Декларацијата за правата на децата
„Децата не се боенки, па да можеме да ги исполниме со своите омилени бои.“ – Халед Хосеини
„Човекот е најблизок со себе кога ќе постигне сериозност како што има дете кое си игра.“ – Хераклит