Данска има најсреќни деца во светот! – Еве ја тајната што ја споделија родителите!

најсреќни деца

Данска има најсреќни деца во светот!

Среќата на Данците е поврзана со начинот на едукација на децата, фокусирајќи се на играта, емпатијата и социјалната вештина. Среќните деца имаат тенденција да растат во среќни возрасни луѓе кои одгледуваат среќни деца, а „годишните времиња одново циркулираат.“

Откриено е дека Данска ги има најсреќните луѓе на светот речиси секоја година од 1973, изгласана од ОЕЦД-(Организација за економска соработка и развој), а тоа е веќе половина век. Тајната е во ставање на фокусот на благосостојба  преку тимска работа и градење емпатија. Данците зборуваат за хумано и кохезивно општество со систем на подршка за сите.

најсреќни

Да, Данците имаат најсреќни деца во светот, а советите за родителство се разумни и очигледни:

Aко вашето дете постави прашање, дајте му искрен одговор.

Поврзете се со вашето дете и олеснете ја ситуацијата со хумор.

Не поставувајте ултиматум (без удирање или викање).

Ако детето вели дека лошо играло фудбал, ќе му кажете дека следниот пат ќе биде подобро.

Заедништвото или популарниот концепт „hugge“ е практика на секое семејство. Целото семејство прави убави работи како: заедно одат на излет, заедно играат, заедно пеат. „Hugge“ е време за собирање во амбиент без драма и поплаки.

Имаме многу нешта да научиме за среќата, а очигледно таа понекогаш е процес кој се стекнува со учење. Учење како да направиме од светот убаво место за живеење, место во кое нашите најмили ќе имаат безгрижно детство и ќе бидат најсреќни.

…А тајната? Тајната би рекле дека е во толеранцијата, безгрижната насмевка, постојаното бодрење, искреноста и задолжителното време кое треба да им го посветите на вашите деца.