Шведска е модел на свесност и ангажман – Интересни факти

Да ја запознаеме Шведска од поблиску

Шведска како држава со длабоко развиена свест, претставува модел за могу држави. Граѓаните се карактеризираат со висок степен на свесност и општествен ангажман. Оваа скандинавска нација со нивната ангажираност во градење на подобар свет, е инспирација за други држави.

Швеѓаните го сакаат своето кафе

Во Шведса, пиењето кафе се анимира преку традицијата која се нарекува „фика“ со нешто слатко како прилог. Швеѓаните  практикуваат „фика“ повеќе пати во денот како можност за поврзување.

За физички редици, Шведска има дигитално решение

На шалтер за месо или во аптека, ќе бидете трпеливи додека чекате да ве послужат во нумерирана редица. Многу бизниси имаат систем за издавање билети . Тоа е обично, мала машина закачена на ѕид што издава белешки со броеви. Откако ќе ја земете белешката ќе мора да почекате додека не се појави вашиот број на екранот. За Швеѓаните, трпеливоста е култура на живеење.

Шведска е е високо ,,дигитална” земја со многу онлајн решенија

Многу работи во Шведската даночна агенција, на пример, можат да се направат по електронски пат. За илустрација: во 2023 година, речиси 7 милиони Швеѓани ги поднеле своите даночни пријави преку Интернет.

Швеѓаните – татковци, туркаат колички

Шведска е еден од лидерите кога станува збор за еднаквост меѓу половите. Мажите го преземаат  товарот кој произлегува од обврските во брачната заедница. Ако е потребно и остануваат дома. Играат голема улога во воспитувањето на децата.

Во Шведска, паровите имаат право на 480 дена платено родителско отсуство. Истото може да се дели помеѓу родителите.

Швеѓаните се неформални со имињата

Вашиот доктор, вашиот адвокат или економски советник, кој и да е, што и да е,  ќе ви се обрати по име. Очекуваат да го сторите истото во меѓусебниот разговор. Тоа е стандардно во Шведска. Работните титули се отфрлени. Се разбира постои исклучок од правилото. Доколку сте во судница каде се соочувате со лице од шведското кралско семејство , би било добро да ги знаете титулите правилно.  „Точно и прецизно“ да се обраќате.

Во Шведска,  сигурно ќе пробате џем од  „лингонбери“

Тоа е џем кој ги придружува подеднакво и палачинките и ќофтината и црниот пудинг-blodpudding. Но, овој џем од бобинки, ретко се користи на леб.

Швеѓаните се практични-Ја цедат храната од тубите

Во Шведска , тубите се користат и за пакување на храна. Никогаш не се знае кога ќе исцедите малку сенф или можеби кавијар од туба врз варено јајце, како за појадок на пример.

Ова може да се толкува како пофалба за економичноста и функционалноста на шведската култура.

„Концептот на Лагом“општествен кодекс

Во Шведска е присутен општествен кодекс на однесување и истиот го носи името „лагом“.  Тоа би се превело нешто како „доволно“ или „во умерени количини“.  Кога „лагом“ се користи во општествената интеракција, тоа би значело – соодветно мешање во отсуство на екстремни прикажувања на емоции.

Сигурно ќе наидете на овој општествен концепт во даден момент. Промовира баланс и умереност во животот.

Право на јавен пристап

Allemansrätten – право на јавен пристап. На јавноста му се овозможува слободно да шета дури и на приватно земјиште до некој одреден степен; да кампува преку ноќ, а можеби и да бере печурки или пак бобинки. Ова сугерира на нивната развиена свест во однос на националните и општите добра. Швеѓаните точно знаат „што, како и до каде“ можат и смеат.

Правото носи и одговорности. Швеѓаните добро ги совладале термините: „не вознемирувај, не уништувај“.

Овие луѓе се „куп на отворено“

Швеѓаните ја сакаат природата. Преку целата година ги ползуваат придобивките од неа и покрај географската локација на Шведска, што ја прави да тежнее кон студени зими. И владата го олеснува уживањето во природа со тоа што им даваат на луѓето право на јавен пристап.

Швеѓаните ги соблекуваат чевлите пред да влезат дома

Ова е најверојатно во знак на почит кон домот кој треба да биде синоним за „чисто“ и „беспрекорно чисто“.

Во Шведска се вели „Дојдете на време“

Овде времето се почитува без разлика дали одите на интервју или пријателска „фика“ Швеѓаните ја ценат точноста како критериум за оценка на личноста.

Државен алкохолен монопол

Во Шведска , продажбата на алкохол е регулирана од страна на државата, преку специјализирани продавници како „Systembolaget“.

Ова обезбедува контрола врз продажбата на алкохол и може да има влијание на културата на конзунација на алкохол во земјата.

Ние сме воодушевени од вредностите на шведското равенство, одржливост и социјална справедливост. Од управувањето на заедницата до еколошките иницијативи. А вие?