Шведска ги враќа моливите и тетратките,а ние ги „нервираме“ даскалите

деца пишуваат во тетратките

Враќање на основите – Шведска ги враќа моливите и тетратките,а ние ги „нервираме“ даскалите!

Образование? Што беше тоа? Учебник? Како? Даскал, учител, некој што воспитува, учи, па дури и ќе те искара? Молам? И додека ние тука се бориме за плати, за достоинство, за фер и правилен однос, се разбира дека во некои далечни земји, одат многу чекори понапред.

Додека ние се туткавме во ќебе пред компјутер и со шолја чај се трудевме да им го објасниме материјалот на децата како родители, или да ги научиме како учители, швеѓаниве поминаа без никаков притисок. Се разбира, важен беше и пристапот во време на пандемијата, а основата беше тоа што повеќето немаа ни компјутери. Загрозените социјални семејства без такви смарт телефони, таблети и компјутери и никакви допирни точки и контакт со технологијата, беа запрепастени од цело тоа ново што им следи. А пак овие другиве, го сфатија сето тоа како голем предизвик и можност за најголемиот школски „криминал“. Бегањето од часови, започна да се случува и пред компјутер. Виртуелно!

Никој за ништо не се интересираше, никој не береше гајле дали ќе научи и ќе знае да чита. И секогаш е така. Проблемот е со нечитањето. И со неразбирањето на сето она што сака да го каже авторот. И додека ние се бориме со технологијава, далеку сме од дигитална сфера, немаме достапност до многу организации и не знаеме да го усвоиме материјалот во однос на евидентниот технолошки развој на светско ниво…Или со прости зборови, додека ние тука сме во неможност да ги следиме трендовите, швеѓаниве се мислат како да избегаат од нив!

Имено, за тие што нe знаат, Шведска ги враќа моливите, гумите за бришење и тетратките во своите „хипер-дигитализирани училишта“ Еве и зошто?

Брзото усвојување на алатките за дигитално учење предизвика загриженост кај УНЕСКО. Од таму упатија  „итен повик за соодветна употреба на технологијата во образованието“. Наставниот кадар во Шведска и нејзините училишта, сериозно ја сфати тежината на пораката. Така, низ низа педагошки мерки  „работи на минимум користење на таблетот“ од страна на децата, според извештајот на Асошиетед прес. Наместо тоа, ги враќа тетратките.

Шведска ги враќа тетратките

Извештајот за Прогрес во меѓународната студија за читачка писменост (PIRLS), истакна дека иако шведските ученици постигнуваат над европскиот просек за способност за читање, меѓународната проценка на нивоата на читање во четврто одделение покажала пад кај децата во земјата помеѓу 2016 година и 2021 година.

Ливен Палмер, третооделенец, еден од учениците на Катарина Бранелиус (наставничка во основно училиште  Ѓургардсколан во Стокхолм), изјави за новинска агенција: „Повеќе сакам да пишувам во училиште, на хартија, бидејќи едноставно се чувствувам подобро, знаете?!“

Имено, добро е познато дека Шведска има малку поинаков систем на општото воспитување на деца. Што се однесува до училиштата, Шведска троши 5,4 отсто од својот бруто-домашна вредност на образовните институции. Од примарно до терцијално образование. Правото на образование за сите деца е утврдено со шведскиот закон за образование.

Веројатно, технологијата никогаш нема да го замени класичниот, добар  начин на образование. Или барем така се надеваме…

Извор