Албинен е неверојатно место. Тоа е швајцарско село кое веќе извесно време нуди феноменална шанса. Веруваме дека многумина од вас би сакале да ја искористите. Имено оваа магична планинска долина на семејствата им нуди од 50.000 евра нагоре, само за да се преселат во Албинен.
Причината е што всушност ова швајцарско село е празно. Од ова планинско место кое се наоѓа на 1300 метри надморска височина, се откажуваат и последните жители барајќи среќа во околните поразвиени градови. Се разбира причината е финансиска, но спротивно на тоа , властите одново сакаат да ја оживеат оваа приказна. Затоа на семејството им ја нудат оваа сума на паричен надоместок доколку живеат во него.
Имено, на крајот на 2020 година во Албинен живееле само 243 жители. Сепак, со планот дизајниран во 2018 година, сите се надеваат дека ќе го спречат тој тренд.
И покрај тоа што е атрактивно село на 6,8 километри од бањскиот град Леукербад и на 35 минути возење од кантоналниот главен град Сион и индустрискиот град Висп, градот се испразни со текот на годините поради недостаток на работни места.
Се разбира, сѐ си има своја цена и услов. А условот за да ги добиете овие пари, е да немате повеќе од 45 години и да не го напуштате селото 10 години!