Песната „Народе македонски“ ја носи најголемата вистина за трагедијата на македонското минато, а сега е отпена од Сузана Спасовска
„Народе македонски“ е песна која родила во спомен на масакрите во 1903 и 1905 година во костурското село Загоричани. Ужасниот настан се случил од страна на Турците и Грците. Биле убиени повеќе од 200 загоричани, а селото во пепел. Неповторливиот глас на Сузана Спасовска прозвучи токму низ овие ноти. Ноти од тага и болка. Спасовска одново ја „роди“ песната во рамките на проектот „Македонијо во срце те носиме“. Правена е според снимката во изведба на Симеон Гугуловски-познатиот македонски тенор. Пакетот е со потис на Николче Мицевски. Првично, првенецот на Македонската опера ја пееше во 1989 година.
Пораката го анимира „родното огниште“ да се зачува во својата природно-општествена димензија. Како целовитост и содржина на еден македонски идентитет; нашиот јазик, песна. Нашата црква, оро, нашата куќа… нашата Македонија.
„Задоволството е големо да се биде дел од овој проект со преубави песни со патриотска тематика, кои национално ќе го разбудат овој спокоен и мирен народ, чијашто добрина ја користат сите, но не го знаат најважното, дека со Пиреј, тешко се излегува на крај.“– прозвучува Спасовка и со зборот и со песната и со златното грло.
„Песната „Народе македонски“ во досегашните изведби може да се најде во две верзии. Оваа верзија е обновена според снимката на Симеон Гугуловски, која познатиот македонски тенор, првенец на Македонската опера ја пееше во 1989 година. Ја одбравме бидејќи песната има голема порака за овој народ кој е сардисан од сите страни. Дава поттик за будење и осознавање во едно време – невреме и желба со сите сили да се зачува родното огниште, изворот. – вели Спасовска.
Видеото на Спасовска е со потписот на Скендеровски-продукција, која стои зад проектот „Македонијо, во срце те носиме“ и во неа се препеани 12 македонски песни во изведба на истата бројка на ипреплетеност од народна и збавна музика. Тка се ДНК, Зуица Лазова , Андријана Јаневска. Се очекува стартниот караван во неколку градови низ Македонија.
Иницијативата за проектот е поддржана од бројната публика која знае да го прпознае и вреднува народното творештво и етничкиот уникум на нашата земја.