Што значат броевите на вашата куќна адреса

Што значат броевите на вашата куќна адреса?

Броевите на вашата куќна адреса ја откриваат енергичната вибрација на вашиот дом, стан или куќа. Не велиме дека треба да бидете ограничени со бројки кога купувате дом, но не би било лошо да ги користите како брошура, особено ако сте за фенг шуи или нумерологија.

Истражувањата вклучуваат повеќе аспекти. Еден од аспектите е анализа на продажбите на недвижности со различни куќни броеви. Друг аспект вклучува влијание на броевите на куќната адреса врз среќата и успехот на жителите како и анкетирање на луѓе за нивните верувања и мислења во врска со симболиката на броевите.

Ова последното, има за цел да ги разбере перцепциите и уверувањата на луѓето, како и да донесе можни зклучоци за влијанието на броевите на куќните адреси врз животот и благосостојбата на жителите.

Број 1, симболизира нови почетоци. Овој број е совршен за млади семејства и за оние кои зпочнуваат сосема нов живот.

Број 2, означува соработка, хармонија и разбирање. Се верува дека ги зајакнува врските и браковите.

Број 3 е познат како број на креативноста и позитивната енергија. Ова е идеален број за уметници и луѓе кои се амбициозни во своите планови .

Број 4 и покрај тоа што има лоша репутација, носи идеи за стабилност и безбедност.

Број 5 се поврзува со авантури, промени и слобода. Луѓето со овој број можат да очекуваат нови, богати искуства.

Број 6 се смета за еден од најсреќните броеви. Симболизира хармонија и негување на врските.

Број 7 се поврзува со духовност и интелектуалност.

Број 8 е најсреќниот број. Тоа е број на изобилства, успех и добра среќа.

Број 9 означува и завршеток и нов почеток. Би рекле„една врата се затвора, друга се отвора.“ Овој број е поврзан со самодоверба и се смета за среќен број за самците и жените.

И уште нешто за крај. Акo имате троцифрен број, на пример 125, ги собирате сите броеви за да добиете еден број. Во овој случај, 1+2+5 e еднакво на 8. За адресите кои вклучуваат букви, ги претворате буквите во броеви според нивната позиција во азбуката(А е 1, Б е 2) и ги собирате со броевите за да добиете конечен број.

И ете така. Со броевите на куќната адреса , не само што го наоѓаме домот, туку и директно го наоѓаме патот до среќата и успехот. Па доколку сте во потрага за нов дом , проверете ги броевите-можеби саканиот среќен број 8 ве чека точно таму!

Извор