Урбан крик за уметноста и културата во Битола! – 11то издание на фото – Изложбата „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА“

Битола е вечна инспирација. Зародиш на уметноста, крик за убавото и урбаното. Битола е љубов и токму тој е поводот за насловот на изложбата посветена на нашиот град. Имено, на 25ти септември во галерискиот простор КЦ МАГАЗА свечено беше отворено 11тото издание на фото изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА. Оваа година, изложбата „коегзистира“ со мотото НА КИНО ПА ОЛАБАЈ во организација на Olabaj и Артакт од Битола. Отворањето на изложбата се реализираше во рамките на Manaki Off програмата на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА ИЗЛОЖБА

Темата на конкурсот „Просторни интерпелации“, како пресек на старата и нова архитектура, прокламира 20 фотографии со невообичаена и ретка перспектива на Битола. Истите, предизвикаа тешка задача кај жири комисијата во состав:

Дражан Брачиќ, Ивона Кочов и Мери Босилкова (минатогодишната победничка), да изберат три најдобри фотографии од 90те фотографии во голема конкуренција.

Првата награда ѝ припадна на Бенита Стојмирова. Втората на Ангеа Огненова. Третата награда на Сашо Сачма Илковски.

Конкурсот и изложбата се во организација на Центарот за европски развој и интеграција во партнерство со Центар за култура Битола. Изложбата ќе биде отворена до 29.09.2023 година секој ден од 11.00 до 19.30 часот.

Фотографиите остануваат да зборуваат за најубавата приказна, а преку изложбата „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА“, брилираат во улога на промотори на урбаната култура во градот.

so ljubov od Bitola
СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА

Фотографиите од настанот и изложбата се превземени од фејсбук профилотна Диоген Хаџи Коста Милевски