Со „Едвард Втори“ стартува „Шекспир фестивал“ – Битола, епицентарот на театарската култура

Шекспир фестивал

Во Битола, вечерва започнува „Шекспир фестивал“, јубилејно десетто, меѓународно издание со претставата „Едвард Втори“. Овој копродукциски проект на Театарот „Јордан Х. К. Џинот“ од Велес и Драмски Театар Н.О. Масалитинов од Пловдив, Бугарија ќе се одржи во 20 часот.

Годинешното мото на „Шекспир фестивалот“ е „Месечината јасно свети во ноќ како оваа“ и ќе трае до 2 јули.

„Едвард Втори“ е драматуршки ремек дело на режисерот Андриј Жолдак и драматургот Сашо Димоски. Базирано е на класичната драма на Кристофер Марлоу. Претставата е поп – артовска посвета на физичкиот театар, мешајчи различни жанрови, особено крими-трилер. Сцената е минималистички дизајнирана што го потенцира чувството на нелагодност – ликовите манијакално се удираат во ѕидовите и не наоѓаат излез. Претставата не е наменета за лица помлади од 16 години, “ велат од Битола Шекспир фестивал.

Во сабота, на 29 јуни(20 часот) во рамките на „Шекспир фестивал“ ќе бидат прикажани две претстави:

„Хамлет – Денот на Убиствата“ спред пиесата на Бернар – Мари-Колтес во режија на Марјан Неќаќ од Битолски театар која неодамна доби награда за најдобра претстава на Интернационалниот Фестивал „Инфант“ во Нови Сад, Србија и „Цезар“ во режија на Сибел Абдиу од Кате Шахне театар од Истанбул, Турција во 21.30 часот.

На 30 јуни(20 часот), „Шекспир фестивал“ ќе го претстави „Отело“. На ИмПерфект Денсерс Компани од Италија, а на 1 јули (20 часот) претставата „Бура“ од „Марко Цепенков“ од Прилеп.

„Шекспир фестивал“ Битола ќе се затвори на 2 јули (20 часот) со претставата „Ромео и Јулија“ во продукција на Народен театар Тоша Јовановиќ од Зрењанин, Србија. „Материјалниот свет може да исчезне, но вредностите, идеите и емоциите кои Шекспир ги претставува во своите дела се толку длабоки и универзални што можат повторно да го изградат човечкиот дух и култура. Токму затоа делата на Вилијам Шекспир се изпратени во вселената. Во 2010 година како дел од програмата Lunar Reconnaissance Orbiter (LRO) на NASA, дигитална копија од делата на Шекспир беше испратена на Месечината. Ова беше дел од проектот Moon Arts Ark. Целта беше да ги зачува човечките уметнички дела и културното наследство. Според тој модел, доколку дојде до апокалипса, би можело да се реконструира целата цивилизација онаква каква што денес ја знаеме.“ изјави Иван Јерчиќ, директор на Народен Театар Битола.

Шекспир