Награда за најдобра претстава на НУ НТБ на ИНФАНТ во Нови Сад

НУ НТБ во паника. Па зошто? Нема простор на полиците… Тој веќе е натрупан со признанија, дипломи, награди, а еве ти уште една награда!

Имено Битолскиот Театар блесна откако црвената завеса во Нови Сад се подигна и уште еднаш докажа дека Битола пулсира во првите редови на уметноста.

Во соопштение за ,,razbudi se”, НТБ извести:

Жирито на 51. ИНФАНТ фестивал беше во состав Јована Балашевиќ- актерка, Јелена Радовиќ – сценограф и Милован Филиповиќ – актер. Жирито едногласно одлучи да ја додели наградата – за НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА на НУ Народен театар Битола  за претставата  ,,Хамлет – денот на убиствата“ од Колтес, во режија на Марјан Неќак .

Едноставноста и прецизноста на режисерската постапка… Синхронизирана  и силна изведба на ансамблот, визуелно и музички имагинативна и смислено намалена и конкретна… Сето тоа го прави битолскиот Хамлет, комплетна и вредна претстава, во духот и  традиција на овој фестивал.