Ваљда сите ја знајте Снежа и џуџињата. Огледалце, огледалце? Џуџињата..? Во една шума ко бегаше..? М? Ништо а?
А ако ви речам „огледалце огледалце“ одма ви се враќа меморијата. Ц ц ц самобендисани то е. Се околу то огледалото да се врти.
Шала на страна, приказната за Снежана и седумте џуџиња одново ќе се раскаже на големото платно. Дизни е во чекор со трендојте и новото време и упорен со реализации на мејкоувер на класиците. Го прати пазаро и знај како со публиката. Во последно време инсистира да ги оживее бајките кои го одбележаа детството. Али нашето. Не на овие младите, тиктокерите. Дали тие ја знат Снежана? Дали тие во огледало имат ѕирнато. Али ај да не се нервираме…
Иначе Рејчел Зеглер ја игра Снежа, главната улога и ова било исполнување на нејзиниот сон.
Марк Веб е потпишан како режисер на филмот „Snow White“, а дизниевата бајка за принцезата на која му „залетна“ јаболкото и оживеа е закажана за март следната година.