SKOPJE CALLING 2026

BREAKING NEWS : SKOPJE CALLING 2026

ВЕЧНИТЕ МУЗИЧКИ ПИОНЕРИ КОИ СЀ УШТЕ
ЖИВЕАТ ВО ИДНИНАТА, ЛЕГЕНДАРНИТЕ KRAFTWERK ЗА ПРВ ПАТ СО ГОЛЕМ OPEN AIR ВО СКОПЈЕ!

Ако постои бенд за кој може да се каже
истото и да се искористат истите
епитети од минатогодишната најава за
Massive Attack – „бенд и бренд кој е во било
кое време пред времето“, тоа се без
сомнение – KRAFTWERK!

Бендот без кој во музиката многу работи
немаше да бидат тоа што се: од електро
до хип хоп, од техно поп до синт поп, го
вклучи Скопје во својата нова „Multimedia
2026“ турнеја со голем open air концерт на 25
јули (сабота), а како локација е избран
најубавиот летен простор во градот,
Стадион на АРМ!

Електронски визионери, добитници на
Grammy Lifetime Achievement Award и членови на Rock & Roll
Hall of Fame, KRAFTWERK се институција и
уметничка сила која засекогаш го смени
начинот на кој ја доживуваме музиката,
технологијата и live перформансот… и, 50
години подоцна, се’ уште го менува.

Во време кога вештачката интелигенција
станува сеприсутен дел од нашето
секојдневие, кога сѐ почесто се
отвораат прашања за тоа како
технологијата нѐ менува и обликува,
Скопје ќе го пречека бендот кој прв ја
постави дилемата за симбиотската врска
помеѓу човекот и технологијата.

Сакале да признаеме или не, после
Битлси, Kraftwerk можеби се највлијателниот
бенд во историјата на поп музиката;
нивното влијание одамна ги надмина
рамките на електронската музика и се
прошири и во други жанрови како хип –
хоп, рок, поп…

Безброј артисти ги имаат наведено Kraftwerk
како инспирација, меѓу кои Daft Punk, Kanye West,
Depeche Mode и David Bowie.

Тоа е веројатно така затоа што Kraftwerk се
еден од првите бендови кој се има
претставено како целосно концептуален
проект со унифицирана идеја. Kraftwerk
никогаш не биле бенд со концептуален
албум – самите Kraftwerk се концепт, проект
во кој звукот, визуелниот идентитет,
технологијата, идеологијата и live
перформансот функционираат како едно
кохерентно уметничко дело.

Влезниците ќе бидат во продажба од
СРЕДА (28 ЈАНУАРИ) во 10 часот наутро
онлајн на avalonbooking.mk [1] и во продажната
мрежа на karti.com.mk [2] низ Македонија по
следните цени и категории:

Партер – 1.990 денари
Фан пит – 2.990 денари (само 1.000 влезници во
продажба).

ПР Текст

[post_tags]