Вечерва, на 30ти август, 2023 ќе се случи спектаклот наречен „сината Супермесечина“! Оваа глетка нема да се повтори до 2026 година!
Феноменот, сината Супермесечина се јавува кога орбитата на Месечината е најблиску до Земјата. Во исто време кога Месечината е полна.
Феноменот сина Супермесечина е возможен од причина што на Месечината и требаат 29,53 дена да ја обиколи Земјата, додека календарскиот месец може да трае 31 ден, пренесува Indeks.hr.
Во среда, 30ти август, 2023то лето, не очекува спектакл на небото, сина Супермесечина која ќе се повтори дури во 2026 година. Оваа месечина е втора, полна по својот облик во рок од еден календарски месец. Првата се случи на 1ви август, а втората на 30ти август. Ќе бидеме сведоци на посветла месечина за 16 % од просечната во полна димензија и форма.
Според НАСА, само 3% од полните месечини се сини. Заедно со сината Супермесечина , во среда на небото ќе биде видлив и Сатурн. Ќе биде вистинско небесно уживање.