Длабочина, моќ,експертиза – Сина боја во ентериерот

сина боја ентериер

Велат дека сината боја им припаѓа на оние чија интелегенција ги надминува границите. Сината е боја на длабочина, стабилност, експертиза. Велат, дека е „кралска“.

Темно сината или позната како мастило нијанса, значи моќ, интегритет, знаење, сериозност.

При дизајнирањето на домот или поконкретно при изборот на бои за ентериерот, се чини дека некако ја избегнуваме оваа боја. Можеби токму поради нејзината силна експресија која до некаде зрачи со експлузивност која од своја страна, мораме да признаеме дека е храброст.

Но, доколку сакате евидентна промена и уникатност, пробајте со нешто сино. Направете го вашиот дом уникатно катче во кое ќе можете да се одморите и да уживате. Катче кое ќе ве опишува и отсликува во потполност. Играјте со деталите, уметничките слики и создадете урбан незаменлив простор.