„Село на лудаци“ – италијанско место каде луѓето врескаат по улиците

„Село на лудаци!“ Замислете село каде што луѓето врескаат по улиците! Тоа е Кориналдо, најдобро зачувано средновековно место во Италија.

Луд пасош и пролетен фестивал

Имено, прекарот на ова место е „село на луди луѓе“. Во тоа име секоја пролет се организира луд фестивал. Овде имате можност да освоите  „луд пасош“. Треба да трчате кон бунарот кој се наоѓа на градските скали, да врескате и да се вратите на почетокот на скалите. Еден од „селските лудаци“ ќе ви даде локален пасош.

Кориналдо – патување во лудило

Ако барате авантура која ги надминува границите на обичната туристичка дестинација, Кориналдо е вашето место. Овде, историјата, културата и лудилото се спојуваат во незаборавно искуство. Во ова село… Па навистина се лудува максимално.

Историја и архитектура

Во далечната 2007 година, Кориналдо беше прогласено за најубаво село во Италија. Историјата и архитектурата овде се мешаат на уникатен начин. Масивните ѕидини од 14 век го обиколуваат ова место и импресионираат со својата величественост. Сите средновековни елементи се зачувани во оваа грандиозност.

Вино и традиции

Кориналдо е рај за љубителите на виното. Овде се нуди популарното локално вино Verdicchio и се доживува „Ноќта на вештерките“. Улиците се претвораат во сцена од хорор филм. Оваа фестивалска ноќ завршува со избор за Мис на вештерка.

Кориналдо е вистинско место каде што лудилото станува уметност и секој агол носи авантура. Во ова „село на лудаци“, се дегустира врвно вино и се станува дел од овие  уникатни и необични традиции. Во ова село се лудува.

Извор