Една поинаква репортажа – Фестивалот Колисиони во Бароло, Италија

фестивалот Бароло

Без сомнение, еден од најдобрите литературни и музички фестивали во Италија е фестивалот Колисиони во Бароло.

Бароло е еден од најубавите градови во Пиемонт, Италија-регија  надалеку позната по своите фини вина, сензационална храна и прекрасни пејсажи. Најдобрите италијански лозја се токму тука, во овој рајски агол од светот и  прогласени за територија на наследство на УНЕСКО. Сепак, она што нам ни го провлече окото, (како непоправливи авантуристи), е фестивалот во Бароло – Колосиони. започнал во 2009 година од тим во кој влегувале уметници, писатели и новинари од Италија.

Бароло Италија - Фестивалот на ова место е фантастичен

Мотивот и пораката што била пуштена во етерот содржела „рушење на долгогодишните бариери меѓу различните уметнички жанрови“ до идните генерации.

Погледнете го видеото и прошетајте се низ улиците на Бароло, градот на виното, музиката и очигледно…забавата!

Патем, ако и вие сте дел од онаа „екипа“ што повеќе би играла на картата забавни одмори и патувања кои истражуваат не толку комерцијални места, можеби ви дадовме некаква идеја.

фестивалот Колисони во Бароло, Италија

Инаку, настанот се одржува во средината на јули и трае три дена исполнети со концерти. Паралелно, градот станува голема сцена на оратори од типот на добитници на Нобелова награда, актери во неформална поставеност. Се создава енергична, колективна дебата. На другите главни плоштади, континуирано се нуди  музика и од меѓународни -звучни имиња како што во неколкуте изданија беа  Bob Dilan, Sting, Peti Smit, Zucchero Fornaciari и уште многу други.