Во Штутгарт, контроверзната опера предизвика бурни реакции. Со пирсинг, несекојдневна употреба на телото и несимулиран секс на сцената… Со голтање меч во живо, тетовирање, мастурбација и акциони слики со крв и свеж измет, оваа изведба ги шокираше посетителите. Истата, предизвика и физички реакции кај некои од нив. Крвта, болката и екстремноста на изведбата беа толку интензивни што осумнаесет лица побарале помош заради стресот и шокот од она што го гледале. Операта го предизвика традиционалниот поглед на сценската уметност, поместувајќи ја границата на тоа што е прифатливо и каков вид уметност може да се смета за легитимен.
До каде оди уметноста? Овие денови, уметноста ги надминува своите трдиционални граници. Влегува во нови, понеконвенционални и шокантни форми. Контраверзна опера во Штутгарт, со енсимулиран секс на сцената, предизвикаа јавноста да размисли: до каде може да оди уметноста во своето експериментирање и изразување?
Фото: © Nicole Marianna Wytyczak
Од екстремните сцени во операта во Штутгарт, уметноста ги испитува границите на телото, умот и емоциите. Во ова ново време, создава нови граници, подготвена да ја шокира и инспирира публиката на поинаков начин. Но, дали ја инспирира и дали можеби уметноста во случајов се граничи со лудост? Имено, назад во минатото, после првото поставување на операта во државната опера во Штутгарт во 1921 година, имало протести против нејзината наводна сакрилегиозна содржина.