Кога се поставувате како добар човек во даден момент или ситуација, ќе се најде некој кој ќе ве „исцеди“ и ќе ве „изгази“! – Како да се одбраните?
Кога се поставувате како добар човек во даден момент или ситуација, веројатно непишано правило е дека ќе се најде некој кој ќе ве „исцеди“ и ќе ве „изгази“. Ако дотогаш сте имале позитивна енергија, исчезнува и последниот атом. Луѓето мислат (секоја чест на исклучоците) дека кога си добар, истовремено кај тебе отсуствува и најмалиот коефициент на интелигенција. И тогаш се случува злоупотреба. Тие луѓе користат алатки од типот: „Сè што можеш и колку можеш, земи и око да не ти трепне! Земи и бегај, барај и најди уште еден ваков случај.“
Дали е ова далеку од вистината?!
Добрината без интелигенција е наивност и се испразнува. Таа не e константа која ќе го задржи „целото добро во континуитет“ затоа што отсуствува и најмалата доза на интелигенција. Тоа би значело дека добрина без интелигенција не е добрина. Добрина со интелигенција е најголема и најака сила.
Не отстапувајте од критериумите кои сте ги поставиле и во ниеден случај не ги спуштајте. Кога ќе сфатите дека некој ја злоупотребува вашата добрина , „насмевнете се“ и дајте му до знаење дека разбирате каква игра играат . Дозирајте „строга и сериозна поставеност“ и покажете дека „не сте оној кој се врти околу малиот прст.“
Можеби и ќе сфатат дека со такво поведение го кочат единствено, сопствениот развој во било кој сегмент од животот?!
извор: krstarica.com