Изградена е копија на Санторини во Кина ! Но, дали е подобра од оргиналот?

Санторини

Добро е познато дека кинезите се секогаш со високи амбиции. Во поглед на работата, секогаш гледаат да го следат светскиот тренд и да внесуваат иновација, а можеби и секогаш се пред пазарот. Но, овој пат сакаат да докажат нешто друго. Па зошто да се мачат и да одам до Санторини, кога Санторини може да се најде кај нив. Станува збор за копија од најпознатата туристичка дестинација во Грција, која сега е „преместена“ во Кина.

Т.н. Кинески Санторини се наоѓа во југозападната провинција Јунан. „Навистина предизвикува атмосфера на космополитски остров. Одморалиштето „Дали, земјата на соништата“ е изградено покрај планинскиот венец Кангшан, со поглед на езерото и содржи туристички гостилници, бутик хотели, ресторани, апартмани и архитектура која ги имитира типичните кривулести улици на Санторини, украсени со цвеќиња. Кинескиот Санторини се протега на површина од 370 хектари, а инвестицијата изнесува осум милијарди јуани.“ пренесува 24sedam.rs.

санторини грција

Инвеститорот не само што бил инспириран од убавината на Санторини, туку решил да изгради минијатурна верзија на островот. Туристите (кинезите кои не можат да си дозволат едно такво луксузно патување до Грција), сега можат да уживаат тука. Социјалните мрежи веќе се преплавени со фотки од местото, а младите парови веќе имаат совршени фотосесии од нивните свадби.

Но, дали и најдобрата копија е подобра од оригиналот? Погледнете како сето тоа изгледа, па ко не сте многу за кај Јужниот сосед, има и друго чаре…