Санторини е вулкански остров во Егејот и најфотографираното место во светот. Има и зошто.
Запознајте се со Санторини од поблиску
Санторини е вулкански остров и се наоѓа во јужното Егејско море. Вулканската ерупција создала силна експлозија која се случила во 1600 п.н.е. и се верува дека е една од најсилните експлозии што воопшто се случиле некогаш на планетата земја. Јачината е компарирана со 50 нуклеарни бомби.
Санторини е легендарен
Она што легендарно го издвојува Санторини како атракција и комлексност од било кој друг остров е неговата вечна поврзаност со Атлантида чије име е синоним за предисториска и исклучително напредна цивилизација за таа доба.
Санторини бил инспирација за Платон
Постојат силни докази дека токму тука живеела таа особено напредна цивилизација. Експлозијата на вулканот била причина за исчезнувањето на Атлантида. По Платон, Атлантида имала облик на концентрични кругови што во потполност се совпаѓа со старото име на Санторини-Стронгили, што би се превело како-Кружен остров.
Санторини е атракција
Главниот град на островот, Фира нуди неповторлив поглед кон заливот, возбудлив залез на сонцето, тесни калдрми и бели куќи со небесно сини куполи како никаде на друго место. Црната плажа Perivolos и црвената плажа Kokkini се плажи кои не смеат да не бидат искуствено доживување во албумот на патувањата. Во Санторини се пие виното како еликсир на животот повеќе од вода. Убаво загледајте се во врамените фотографии и ќе дознаете зошто Санторини е најфотографираното место во светот.