Ролувани лазањи со спанаќ и печурки се на врвот на италијанското мени како лесен деликатес.Со кремаста текстура и свежи состојки, овие ролувани лазањи без месо се идеалниот лесен оброк со италијански вкус.
Како да ги подготвите ролуваните лазањи?
Веднаш ќе ви одговориме: едноставно, брзо и лесно со само неколку кулинарски потези. Започнете со подготовка на лукот како состојка на големите мајстори во кујната.
Ако прашувате за количината на состојките, ставете колку што сакате, 99,9 % нема да погрешите. Најубавите рецепти излегуваат „од око“.
Ставете ја престилката и „фатете се“ за најзабавната работа
Попрежете го лукот со печурки и свеж спанаќ.
Измешајте рикота, моцарела, пармезан и зачинете.
Сварете кори за лазањи, наполнете ги со филот и ролувајте.
Наредете во тава, прелијте со доматен сос, поросете со пармезан и печете 25 минути на 180°C.
Сервирајте со свеж босилек и уживајте во овој италијански специјалитет!