Рок-сцената во жалост: Ози Озборн почина на 76 години, музички великани се збогуваат со легендата
Светот на рок-музиката загуби еден од своите највлијателни хероји – Ози Озборн. Музичарот почина вчера на 76-годишна возраст, оставајќи зад себе наследство што ги обликуваше генерациите на музичари и обожаватели ширум светот.
Одекот на неговата смрт веднаш предизвика бран емоции и спомени кај бројни музички ѕвезди… Од пионери на хеви металот до легенди на поп-рок сцената. Членовите на Black Sabbath, бендот со кој Ози ја започна својата иконична кариера, објавија фотографија од нивниот последен заеднички настап во Бирмингем, со емотивната порака: „Ози засекогаш“.
Гитаристот Тони Ајоми, коосновач на бендот, напиша на својот профил:
„Мојот драг пријател Ози замина само неколку недели по нашиот настап во Вила Парк. Оваа вест е разорна, немам зборови… Со Гизер и Бил изгубивме брат. Моите мисли се со Шерон и целото семејство Озборн. Почивај во мир, Ози.“
Бил Ворд, тапанарот на „Блек Сабат“, сподели емотивна порака на мрежата X, во која истакна:
„Каде да те побарам сега? Во сеќавањата, во молковите, во пропуштените разговори… не, засекогаш ќе бидеш во моето срце.“
Where will I find you now? In the memories, our unspoken embraces, our missed phone calls, no, you’re forever in my heart. Deepest condolences to Sharon and all family members. RIP Sincere regrets to all the fans. Never goodbye. Thank you forever. Bill Ward pic.twitter.com/2HSaIZfkX2
— Bill Ward (@billwarddrums) July 22, 2025
Музички колеги од различни жанрови исто така изразија жалење. Елтон Џон го нарече Озборн „драг пријател и голем пионер“, додавајќи дека бил еден од најзабавните луѓе што некогаш ги сретнал.
Членовите на Nirvana му оддадоа признание, нарекувајќи го Black Sabbath „шаблон за хеви рок“, додека Род Стјуарт, со доза на хумор, се прости со зборовите:
„Збогум, Ози. Спиј мирно, пријателе. Се гледаме горе – поскоро.“
Гитаристот Рони Вуд се присети на нивниот последен концерт:
„Многу ми е жал. Концертот ‘Назад кон почетокот’ во Бирмингем беше величествен начин да се збогуваш.“
Од AC/DC истакнаа дека заминувањето на Ози е „огромна загуба за сите што го сакаа“, а неговото влијание ќе продолжи да живее низ генерациите што ги инспирираше.