Завршува 32 издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Ристо Шишков

Вечерва во Струмица ќе додели наградата за високо актерско достигнување. Со тоа ќе заврши и 32 издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

Фестивалското жири го предводи ланскиот лауерат, актерот Јордан Симонов, режисерот Александар Ивановски и драматургот Билјана Крајчевска. Вечерва пред полноќ жирито треба да донесе одлука. Кому ќе му припадне златниот медалјон со ликот на Шишков и паричната награда во износ од 1.500 евра?

45 актери од осум претстави од земјава и Бугарија се во конкуренција за единствената фестивалска награда.

Ристо Шишков

Претставата „Падот на Масада“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски од Драмскиот театар од Скопје, ќе го финишра овогодинешното издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.

Извор