Филмот„Недела“ за животот на Џеј Рамадановски во 3 д Кино Битола
„Сенката на Караваџо“ „Бедни нешта“, „Недела“ на Џеј Рамадановски – Филмски сензации на големото платно на 3 Д кино Битола. Уживајте во деновите што следат и нивниот репертоар.
НЕДЕЛЕН РЕПЕРТОАР:
Пон. | 22.01.2024 – | 20:00 – | Бедни суштества |
Вто. | 23.01.2024 – | 19:00 – | Сенката на Караваџо |
Вто. | 23.01.2024 – | 21:15 – | Бедни суштества |
Сре. | 24.01.2024 – | 19:00 – | Сенката на Караваџо |
Сре. | 24.01.2024 – | 21:15 – | Бедни суштества |
Чет. | 25.01.2024 – | 20:00 – | Бедни суштества |
Пет. | 26.01.2024 – | 20:00 – | Недела |
Саб. | 27.01.2024 – | 20:00 – | Недела |
Во продолжение, прочитајте нешто околу нивите приказни и откријте кој е тимот кој стои зад завесата:
Филмот „Бедни нешта“ е во режија на Јоргос Лантимос, а главните улоги ги толкуваат Ема Стоун, Марк Рофало, Вилем Дефо, Реми Јусеф, Кристофер Абот и Џерод Кармајкл.
„Сенката на Караваџо“ – Караваџо е еден од најбрилијантните сликари на своето време, но и бунтовник против одлуките на црквата. Откако бил информиран дека делото прикажува проститутки, крадци и скитници, папата Павле V ѝ наредува на Тајната служба на Ватикан да го истражи уметникот.
Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари.
„Возбудливата приказна за животот на Џеј Рамадановски е претставена без непотребна патетика, со впечатливи ликови. Сценариото се држи до важните факти од биографијата на Рамадановски и во него е прикажана суровата реалност со која пејачот бил принуден да се соочува“, изјавија од Филмскиот центар на Србија, пренесува republika.mk