Се подготвува српска верзија на познатиот италијански филм „Потполни странци“

Потполни странци

Римејкот на италијанскиот филм „Потполни странци“ („Perfeti Sconosciuti“) ќе ги открие личните кодови на пријателството

Во ова време на виртуелна блискост, италијанскиот хит филм „Потполни странци“ во режија на Паоло Џеновезе, наскоро ќе добие своја екс-Југословенска адаптациja. Италијанскиот филм од 2016 година ја освои домашната и меѓународната публика. Со адаптации во повеќе од триесет различни земји, влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Продуцентската куќа Сенс-продукција од Белград, под режија на Владимир Тагиќ, ветува нова димензија на „интригантна игра“, а сценариото  на Маја Пелевиќ ќе овозможи богатство на емоции.

Потполни странци

Да го подвлечеме синопсисот:

Филмот следи  група пријатели кои се впуштаат во игра за да ги изразат и изложат и споделат своите СМС пораки и повици. Телефоните им се оставени на маса и јавно одговараат на секој свој повик. На ваков начин би докажале дека немаат што да кријат едни од  други! Но, следат неочекувани последици.

Продуцент на римејкот е Сенс продукција од Белград.  Нина Сеничар и Милан Стојановиќ. Режисер на филмот е Владимир Тагиќ.

Сценарист: Сценарист на римејкот е Маја Пелевиќ позната по работата на серии како „Утро“, „Попадија“.

Снимање и излегување: Снимањето на филмот е планирано за почетокот на 2025 година.

Со римејкот за екс ЈУ- просторот, очекуваме печат на нов стандард во филмот и секако, зачудувачки интересна, кинематографска приказна.