Разбуди се и „Биди своја“ – Интервју со Маја Атанасовска, организатор на првата ноќна женска трка во Битола

„Да се биде своја е една од најважните работи што можете да ги правите во животот. Тоа значи да ги прифатите вашите уникатни квалитети, интереси и личност, наместо да се обидувате да се усогласите со она што другите го очекуваат од вас. Кога сте доследни на себе, поголема е веројатноста да бидете среќни и исполнети во вашиот живот.“ – Вака говори пораката на спортоското здружение „Бори се за целта“ кое стои зад организацијата на првата женска трка на 5 километри во Битола.

Ако нема цел, нема борба, а ако нема борба нема успех! Сакате да бидете успешни или да „уживате“ во комфор зона!?

Токму таму се наоѓаше Маја Атанасовска пред околу 10 години. Имено Атанасовска е организаторот на оваа женска трка во градот под Пелистер. Во нашата Битола.

Трчањето како рекреација или како асоцијација за токму таа животна трка? Кој е целта на настанот? Приказната зборува далеку повеќе од тоа, а за што станува збор, прочитајте подолу во нашиот разговор.

РАЗБУДИ СЕ: „Бори се за целта” е името на ова здружение. Како се роди оваа идеја?

Приказната е повеќе од отворање на здружение кое е посветено само на спорт. Пред околу 10 години бев во некоја комфор зона. Постојано мислев дека не можеш ништо да постигниш и да излезиш од секојдневието. Мојот живот беше сведен на едно па исто, круг во четири ѕида и толку. Како да бев убедена дека не можам да направам ништо и како да не гледав некоја цел. Но, deep down, имаше една мисла која постојано ме потсеќаше која сум. А таа јасно зборуваше дека јас не сум човек кој треба да остане во удобна зона.

Маја ни раскажуваше за нејзината порака толку тивко, а од друга страна како да викаше на сиот глас: „Разбуди се!“

Maja: Јас сум за надвор од комофорот, јас сум за поставување на цел и остварување, а подоцна и за безграничност. Назад во тоа време, постојано мислев дека треба да се исправам и да направам нешто на кое што самата на себе ќе си докажам дека можам и дека не припаѓам на тоа место.

Дефинитивно после мојот развод потребата за да направам нешто повеќе беше поизразена, така што почнав со многу активности меѓу кои и трките кои што беа организирани низ целата држава и некако се пронајдов. Едноставно сфатив дека тоа е тоа што ме исполнува.

Зборувајќи за стереотипите и стигмите кои ги носи за жал сеуште конзервативното сфаќање во нашите простори, а можеби и стигмите кои алудираат општо на жената од страна на целиот свет, Маја раскажа зошто е ова женска трка.

Разбуди се:Биди своја“ е мотото на оваа женска трка. Како се поврзува тоа со настанот? 

„Биди своја“ е мое животно мото, а се надевам и на многу други жени. Во преносна смисла и кога губиш и кога добиваш, во животот секогаш биди своја.

Без разлика на исходот, дали сте ги постигнале резултатите во поглед на минутажата, на крај треба да сфатите дека вие сте победник со самото тоа што сте поставиле цел и сте биле учесник.

„Сфатив дека кога ќе си поставиш цел, ти се бориш за неа и ја постигнуваш.“

Женска трка - Биди своја - Битола

РАЗБУДИ СЕ: Зошто баш „женска“ трка? Се крие ли можеби тука некоја феминистичка порака?

Не е тоа дека сакам да направам дискриминација на мажите, но идејата овој пат е да се стави акцентот на женската популација.

РАЗБУДИ СЕ: Каде можат да се пријават кандидатите  и што добиваат од ова искуство?

Пријавувањето е објавено на нашите социјални мрежи и е поставен линкот. Она што го добиваат кандидатите секако е добра дружба, пријателства, ново дожувивање и ново исуство кое ќе ги направи посилни.