Веројатно и повеќе од свесни сме дека расправиите се сѐ почести. И сите имаме мислење дека тоа го донесе динамичниот свет во кој живееме, постојаното брзање околу обврските, следењето на рокови. Сето тоа доведува до напнатост, и расправии. Но, еве што треба да направите доколку влезете во ваква „дискусија“ и како да се расправате интелигентно?
Кога презентирате нови информации кои се во спротивност со постоечките на вашиот противник, се создава недоразбирање или недоверба. Тоа доведува до одбрамбен став во насока на расправија. Расправијата пак, предизвикува лутина.
„Секогаш кога ќе претпоставите дека другите ќе бидат поколебани од вашиот логичен аргумент, најверојатно сте направиле ирационална грешка.“- вели Сет Годин, маркетинг гуру. За да го вклучите рационалниот дел од мозокот, вдишете длабоко за да го намалите нивото на кортизол.
Одговарајте, наместо да реагирате.
На самиот почеток од расправијата, изразете ја позицијата на вашиот противник јасно и праведно. Тоа би претпоставило да наведете точки на согласување и нагласете сѐ што сте научиле од вашиот противник. „Само тогаш“, вели американскиот филозоф Даниел Денет, „дозволено е да кажете толку многу како зборови за пробивање.“
Ако дозволите вашите емоции да ве надвладеат, му обезбедувате гориво на вашиот противник да го добие главниот збор.
Смирено презентирајте ја вашата страна и обезбедете поени.
Ако не сакате револтот да ги премине границите и сакате да се расправате „интелигентно“, друга емотивна тактика е да се насмеете или да направите шега на „своја сметка“ за да ја смирите напнатата ситуација. Тоа не значи дека се понижувате. Напротив. Обезбедувате такт и почит. Поентата на расправијата е да се реши проблемот, а не да се поттикнува агресија.
Целта не треба да биде да се фрлаат „навреди“, туку да се најде заеднички јазик кон прогрес, а не уназадување.
Презентирајте ја вашата поента и слушајте. „Поставувајте прашања во насока на ефективно воспоставување на заеднички цели“ – советува д-р Глеб Ципурски. „Клучот е да се ангажирате на поконструктивно ниво за да на крајот се гледате „очи во очи“ со противникот – додава д-р Цупурски, познат како експерт за избегнување катастрофи. Неговата мисија е да ги заштити лидерите од опасните грешки во расудувањето познати како когнитивни предрасуди .