Радио во Полска отпушти вистински новинари, вработи роботи!

Радио во Полска отпушти вистински новинари, вработи роботи!

…И ете. Веројатно пристигна тоа време од кое сите се плашевме. Имено, радио во Полска(едно од водечките)лансира нова програма и претстави водители на вештачката интелигенција. Пред тоа, радио станицата отпуштила десетици креатори. Ова доведе до протести и секако загриженост.

Станува збор за OFF Radio Kraków од Полска кој воведе тројца нови водители Емилија, Куб и Алекс кои ги водат слушателите низ сите новости. Но, загрижувачки е фактот што тие всушност не постојат.

-Г-дин Демски, новинар кој работел во OFF Радио Краков, напиша отворено писмо до станицата во кое протестираше поради замената. „Тоа е опасен преседан што нè погодува сите нас“, напиша тој и тврди дека може да го отвори патот „кон свет во кој искусни вработени поврзани со медиумскиот сектор со години и луѓето вработени во креативните индустрии ќе бидат заменети со машини“ – пренесува pari.mk

Она што најповеќе предизвик вест кај читателите е фактот што и водителите разговарале и имале интервју со добитничката на Нобеловата награда во 1996 година и ценета поетеса Вислава Шимборска. И се е тоа убаво, но има едно изненадување – Поетесата е мртва од 2012 година.

Прочитајте повеќе тука.