На 24 март 2026 година, на Педагошкиот факултет во Битола, Македонското научно друштво – Битола, во соработка со Педагошки факултет-Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Европската универзитетска алијанса КОЛОРС реализираше образовна работилница на тема „Француските зборови (галицизми) во македонскиот јазик“. На работилницата беше нагласено значајното влијание на францускиот јазик врз македонскиот, особено преку присуството и употребата на галицизмите.

Работилницата ја водеше проф. д-р Зоран Николовски, кој на студентите им понуди динамичен и интерактивен увид во зборови од француско потекло што го збогатуваат македонскиот јазик. Притоа, беа разгледани нивните значења, етимологија и употреба во различни сфери – од мода и политика до култура и спорт. Настанот го отвори проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, претседателка на Македонското друштво – Битола, а свое обраќање имаа и проф. д-р Рената Петровска – Нечковска, академска раководителка на КОЛОРС и Калиопа Кривашија-Стилиновиќ, почесен конзул на Република Франција.

Настанот кој е во чест на одбележување на Денот на франкофонијата, покрај својата едукативна вредност, послужи и како потсетник за богатата јазична и културна размена, како и за поврзаноста меѓу македонската и француската културна традиција.










