Вечерва, 27 август (среда) во 19:00 часот, во Офицерскиот дом – Битола, ќе се одржи промоцијата на монографијата „Кире Костов”. Истата е посветена на композиторот, инструменталистот и диригентот Кире Костов (1949–2023).
Монографијата е сведоштво за творечкиот опус и животниот пат на маестро Костов, од првите чекори во родната Битола, преку децениската работа во Танцовиот оркестар на МРТ И ФМУ до композициите и аранжманите кои станаа дел од колективното музичко наследство на Македонија. Создадена е со љубов на неговата сопруга Кармен Костова и семејството и со авторството на Снежана Анастасова Чадиковска и Марко Коловски.

Монографијата е омаж на авторот… На над 300 композиции, бројни џез дела и фестивалски проекти. Но, пред сè на човекот кој ја претвори музиката во животна мисија.
Оваа промоција е првото јавно претставување на монографијата, токму во градот каде што започна неговиот музички пат. Настанот е дел од програмата на Битфест, во организација на Културно-информативниот центар – Битола.