Принцот Хари, беше фотографиран во Националниот поло центар во Велингтон, Флорида со филмска екипа каде што се снимаше за новата серија на Нетфликс. Принцот Хари, проектот го подготвува со Меган Маркл. Благодарение на нивната популарност и активност во медиумите, оваа двојка често ја нарекуваат„војводата и војводката од Сасекс“.
Проектот објавен пред неколку дена од страна на Арчивел Продукција, обемниот договор на двојката со популарната стримнг платформа, вклучува две нови серии што веќе се во развој.
Едната серија ветува разоткривање на магијата на полото, додека другата ќе ги прослави насладите на кулинарството и градинарството, најавија од прес-центарот.
Војводата од Сасекс се појави зад кулисите за време на снимањето на четвртфинален натпревар на УС Опен. Додека Меган не беше присутна на поло настапот, нејзината појава во поло клубот Гранд шампиони во Велингтон, заедно со пријателката Серена Вилијамс, генерираше интерес. Иако не планираат да бидат главни учесници во сериите, фановите се во очекување на понатамошни детали околу проектите. Датумите на објавување и концептите на сериите, сеуште остануваат тајна. Договорот со Нетфликс беше потпишан во 2020 година, по преселувањето на кралската двојка во Калифорнија.