Приказната на Сулен Кери: од самобрак до развод! Во приказната на Сулен Кери има доза на хумор и самољубие. Замислете го ова: жена се омажила за себе, потпишала љубовен договор пред огледало и по една година – се разведува! Звучи како сцена од филм?
Но, ова е приказната на Сулен Кери, 36 – годишна инфлуенсерка и манекенка од Бразил. Таа, минатата година предизвика светска сензација со својот неконвенционален чин. Приказната започнала кога таа, одлучила да се омажи за себе во Лондон откако доживеала фрустрација од неуспешни состаноци. Тоа беше прославено како храбар потег на самољубие и независност – но, една година подоцна, Сулен објави дека се „разведува“. Причината? Па, како што вели самата: „време е да продолжам понатаму.“
Кери го сфаила ова многу сериозно и сведочи за предизвици кои бараат длабока емотивна издржливост, особено кога станува збор за одржување на врска во која партнерството изгледа како соло – борба. Не е едноставно да се одржува „соло – брак“ – процес која бара многу посветеност. Таа дури и присуствувала на индивидуални сесии за терапија на парови. Но, на крај, таа заклучила дека иако е убава идеја да бидеш во брак со себе, чувството на осаменост, едноставно било неподносливо. „Колку и да се сакаш себе си, на моменти е потребен некој друг за да се смееш заедно,“ се шегуваше таа.
Во интервјуто, Сулен признава дека дури и кога си во врска со себе, можеш да се измориш од сопствените очекувања. „Притисокот да бидам совршен партнер за себе беше огромен,“ рече таа, со доза на хумор. После десет сесии на терапија, Сулен сфатила дека разводот е единствената опција. „Нема ништо лошо во тоа да признаеш дека треба да продолжиш понатаму, дури и од себеси,“ рече Сузан и додаде дека ова искуство и помогнало да се подготви за нови можности и можеби нов партнер.
Приказната на Сулен Кери стана симбол на љубовта кон себе , но и на способноста да препознаеш кога е време да ја отвориш вратата за нови искуства.