Најстресниот град на планетата во 2024 година не е само место со големи гужви туку и со многу други фактори кои го отежнуваат секојдневието. Според истражувачката студија која го анализира квалитетот на животот е составена листа на десетте најстресни градови за живеење.
Истражувачката студија вклучува анализи од типот на: загадување, безбедност, начин на живот и навики поврзани со стресот, дебелината, алкохолот и пушењето. Според анализите, еве ја листата на десетте најстресни градови за живеење, пренесува RTS. Најстресниот град на планетата во 2024 година е Атина, главниот град на Грција.
Овој град има ниско ниво на безбедност и големо уживање во алкохол и храна. Ова води до висок степен на стрес. Околу 31 % од Атињаните се активни пушачи што е највисоко во Европа.
Иако уживањето во задоволства како алкохол и храна може да донесе моментално задоволство, тоа не придонесува за квалитетен живот на долг рок. Напротив, ваквиот начин на живот резултира со сериозни здравствени проблеми и намалена животна сатисфакција. За вистински квалитет на живот, секако е потребна здрава рамнотежа и одговорен пристап кон сопственото здравје.
На второ место е Манила на Филипините со низок индекс на стрес, 95,15 кој сугерира на многу лош квалитет на живот. Манила е најзагадениот град на планетата.
Третото место на листата го зазема Каиро во Египет со индекс на загаденост 90,81. Жителите на Каиро речиси не пијат алкохол со просек од 0,14 литри по човек годишно што е околу 75 пати помалку од Атињаните.
Четвртото место го држи Сао Паоло каде нивото на стрес е оценето со 91, 26, можеби поради високата безбедност. Околу 13% од жителите се пушачи.
Петтиот најстресен град е Будимпешта, главниот град на Унгарија, каде консумирањето алкохол и дебелината се речиси исто толку високи како и во Атина. Нивото на стрес е оценето со 90, 02.
Рио де Жанеиро во Бразил е најнебезбедниот град во светот со просечно ниво на загадување и релативно малку пушачи.
Мумбаи во Индија е рангиран на седмото место поради низок квалитет на живот и висока загаденост.
Листата продолжува со Делхи и Бангалор во Индија и Лос Анџелес во САД.
Овие најстресни градови се истакнати како места каде стресот, загадувањето и небезбедноста го прават животот тежок и непредвидлив. Истите ни даваат до знаење дека модерниот урбан живот бара економски напредок и подобрување на условите за живеење.