Сонцето испушта звук, но ние не го слушаме! Да се умре од смеење е навистина возможно! – Фасцинантни факти што го изменуваат начинот на кој го гледаме светот
На нашата чудесна планета Земја како и на нашата природа, одново ѝ се чудиме на неверојатните феномени и тајни што ги содржи. Секој дел од тие фасцинантни факти е како камче во големиот мозаик на природата што неизбежно предизвикува восхит и почит. И секој детал на оваа планета е уште едно чекање да биде истражено.
„Едно“ ни е јасно: што и да биде разголено е во синхроницитет со законите на универзумот. Ова се навистина фасцинантни факти што следат ви нудат нов поглед.
1.Ротацијата на Земјата ја менува брзината. Забавува! Тоа значи дека во просек, должината на денот се зголемува за околу 1,8 секунди на век. Пред 600 милиони години еден ден траел само 21 час.
Звучи како нашата планета да има своја верзија на „slow motion“ мод!
2. Просечната боја на универзумот се нарекува „Космичко лате“. Во студија од не така далечната- 2002 година, астрономите откриле дека светлината што доаѓа од галаксиите во просек се претвора во беж боја која е блиску до белата.
Неразбирливо, а сепак звучи убаво! Како отворање на шише шампањ!
3. Животните можат да го доживуваат времето поинаку од луѓето. Кај помалите животни, светот околу нив се движи побавно во споредба со доживувањето кај луѓето. И меѓу самите животни има разлика во доживувањето на „движењето на времето“. Саламандерите и гуштерите , на пример, го доживуваат времето побавно од мачките и кучињата. Тоа е така, затоа што перцепцијата на времето зависи од тоа колку брзо мозокот може да ги обработи дојдовните информации.
Ова ни објаснува- зошто мачките скогаш ни изгледаат како дека ќе ги прескокнат рамките на времето!
4. Вашиот мозок (секако и нашиот), постојано се јаде себеси. Овој процес се нарекува фагоцитоза и во истиот, клетките обвиваат помали клетки или молекули за да ги отстранат од системот. Нема простор за загриженост! Помага да се зачува сивата материја која се вклучува во контрола на мускулите и сензорната перцепција.
Кој би рекол дека нашите сиви келии се кулинарски подготвени!
5. Сите бактерии на светот наредени една врз друга би се протегале на 10 милијарди светлосни години. Заедно, микробите на Земјата долги 0,001 мм би можеле да се обвиткуваат околу Млечниот Пат над 20 000 пати.
Ова, буквално е светлосна тајна! Дали космосот ќе им стане претесен за разгалување на својата микро-парада?
6. Сонцето испушта звук, но ние не го слушаме!Во форма на бранови под притисок. Брановата должина на брановите под притисок од Сонцето се мери во стотици милји. Ова значи дека тие се далеку од опсегот на човечкиот слух.
Сонцето свири, ама ние не слушаме! Дали сме премногу зафатени со своите животни басови?!
7. Вие всушност може да умрете од смеење. Добро прочитавте. Интензивното смеење може да предизвика срцев удар или задушување. Хумористичните емисии треба да доаѓаат со предупредување-заклучува изворот од кој ги издвоивме фактите кои ги насловивме како фасцинантни и се осмеливме да ги коментираме!
Најверојатно се уште сме во фаза на „молчење на ѕвездите“. Можеби ни треба развивање на „аудио-код“! Само така ќе го преслушаме ова мистериозно дело.