Премиерата на краткиот филм „Амин“, дело на талентираната режисерка Ана Марија Јанковиќ е вечерва во 3Д Киното во Битола. Филмот „Амин“, премиерно ќе биде почеток на патувањето на овој филм низ светот на уметноста и емоциите.
На овој настан ќе присуствува целата екипа на филмот, подготвена да ја сподели својата визија и искуство со публиката.
Во филмот„Амин“, улогите се маестрални и толкувани од Петар Горко, Маја Андоновска – Илиевски и Петар Мирчевски што дава дополнителна димензија на визуелната и наративната композиција на делото. Продуцент на филмот е Дарко Јанковиќ, чија ангажираност и визија ги обединуваат сите елементи во хармонична целост.
Секој сегмент од премиерата на филмот е изработен со максимална прецизност и посветеност. Директорот на фотографија, Кристијан Теодоров ги креира сцените со финеса и виртуозност, додека музиката на Димитар Андоновски внесува дополнитекна емоционална длабочина и интензитет.
Се очекува дека оваа премиера ќе биде само почеток на успехот на „Амин“ со следното „движење“ на премиерата во „Синеплекс“ во Скопје на 14ти март, каде што филмот ќе има можност да го сподели своето величествено искуство со пибликата во главниот град на Македонија.