Во Порта Џез во Битола, ПРЕДА Плус Фондација го одржа официјалното лансирање на повикот за учество во Green Tech Pelagonia. Стартап програма посветена на зелени технологии, агротек решенија, модерно земјоделство, еко-туризам и дигитални иновации со еколошки импакт.

Настанот ги обедини претприемачите, младите основачи… Иноваторите и alumni на претходните програми на Преда плус. Тие зборуваа за својот успех, развојниот пат и искуствата стекнати преку стартап поддршката во Пелагонија.

PREDA Plus го промовираше „Green Tech Pelagonia“: Пелагонија има потенцијал за зелени иновации
PREDA Plus го промовираше „Green Tech Pelagonia“: Пелагонија има потенцијал за зелени иновации
PREDA Plus го промовираше „Green Tech Pelagonia“: Пелагонија има потенцијал за зелени иновации
PREDA Plus го промовираше „Green Tech Pelagonia“: Пелагонија има потенцијал за зелени иновации

Настанот го отвори Лидија Ангелкова, проектна менаџерка на PREDA Plus, која ја постави визијата на програмата:

„Пелагонија има потенцијал да креира иновации што се производ на локалната памет, а решенија за глобалниот пазар. Green Tech Pelagonia е платформа што ги спојува талентот. Што го спојува знаењето и амбицијата. Токму она што му е потребно на регионот за да направи вистински зелен исчекор.“ – изјави Лидија Ангелкова.

Публиката се фокусираше на панел-дискусијата со три истакнати имиња од стартап и технолошката сцена:

Никола Ковачевски од Simple Mobile Solutions, Сања Митровскаод Founder Games, и Марјан Бакревски, основач и пивар од Bakrevski Brewery и претприемач со силно присуство во локалната економија.

PREDA Plus го промовираше „Green Tech Pelagonia“: Пелагонија има потенцијал за зелени иновации

Сања ја нагласи важноста на глобалниот начин на размислување кај стартапите:

„Пазарот не ви е локален – пазарот ви е глобален. Идејата вреди само онолку колку што основачот има дисциплина да ја развие.“

Таа истакна дека стартапите од регионот имаат талент, но мора да развиваат навики на тестирање, мерење и брза адаптација.

Никола Ковачевски технолошки основач со продукт на три континенти и алумни на ПРЕДА Плус од претходните програми зборуваше за инженерскиот предизвик и за тоа како технологијата ја брише географијата:

„Денес можеш да создадеш продукт во Битола, а да се користи во Африка. Технологијата го отвора пазарот многу пошироко од локалниот контекст.“
Тој додаде дека најголемиот предизвик не е кодот, туку различните култури и начини на работа со кои се соочуваат глобалните технолошки компании.

Марјан Бакревски кој ја основа Bakrevski Brewery со својот брат и како алумни на ПРЕДА плус беше дел од неколку програми зборуваше за градењето бренд и заедница како основа на секој одржлив производ:

„Пелагонскиот вкус не е мит. Тоа е вкус на труд, дисциплина и малку инает. Производот вреди само кога постои заедница околу него.“

Тој истакна дека локалните брендови имаат силна позиција кога се автентични и кога растат заедно со луѓето што ги поддржуваат.

Green Tech Pelagonia нуди: менторство од локални и меѓународни експерти, поддршка за развој на прототип, работа со инвеститори и подготовка на пич, практични работилници и регионално вмрежување

Повикот за аплицирање е официјално отворен

Аплицирањето е бесплатно и достапно до 26.12.2025
Формулар за пријавување: https://forms.gle/75vwNw42DtkvnWZB8

Програмата се реализира во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и со поддршка од CIF.

фото | Ивона Кочов