Помрачување на Сонцето во Овен на 29 март: Ќе не дотера или ќе не уништи?

pomrachuvanje-na-sonceto-vo-oven-na-29-mart-ke-ne-dotera-ili-ke-ne-unishti

Помрачување на Сонцето во Овен на 29 март: Ќе не дотера или ќе не уништи? Овој небесен феномен носи длабока енергетска прекретница. Се подготвуваме за нова фаза, а што оставивме зад себе?

Две години трансформација

Од април 2023 – та, оската Овен – Вага осветли важни аспекти на нашите партнерства. Преиспитувањето на балансот помеѓу независноста и поврзаноста е предизвик за искреност – најпрво со себе, а потоа со другите. Сега, со ова помрачување на Сонцето, време е да размислиме: кои кои односи преживеаја, а кои згаснаа? Што веќе не ни служи?

Огнен интензитет: Чистење или уништување?

Овен е знак на акција и огнот кој го носи може да биде разорен и прочистувачки. Ќе се зголеми чувството на сопствена вредност, ќе се постават појасни граници и ќе стане поочигледно што е во хармонија со внатрешниот компас. Но, подгответе се за бурни емоции: оваа енергија може да предизвика раздразливост, нетрпеливост и напнатост. Ќе дозволиме ли огнот да не изгори или ќе го искористиме за трансформација?

pomrachuvanje-na-sonceto-vo-oven-na-29-mart-ke-ne-dotera-ili-ke-ne-unishti

помрачување на сонцето

Ретрограден ефект: Поука од минатото

Со ретроградните движења на Меркур и Венера , старата енергија и неречените приказни можат да излезат на површина. Ова не е време за брзи одлуки. Почекајте пред да преземете крупни чекори.

Заклучок: Време за храброст

На крајот, помрачувањето на Сонцето во Овен е повик да расчистиме простор за новото. По две години учење низ односите, сега е време да изберем храброст. Помрачувањето ќе не дотера таму каде што одбравме да бидеме.

извор:

[post_tags]