12. 12 – Датумот што може да ве трансформира во нова личност

12.12

12. 12 – Датумот што може да ве трансформира во нова личност! Овој датум е ден што носи специфична моќ. Познат е како „датум огледало.“ Тој е повик на интроспекција, баланс и духовно будење. Велат, поддржан е од невидливите кодови на универзумот.

Значењето на 12.12

Бројот 12  – повик кон акција и рефлексија што резултира со хармонија. Двојниот број 12 создава „огледален ефект“: бројките се рефлектираат меѓусебно и потсетуваат на хармоничниот спој на физичкото тело и ум.

Овој ден е покана за создавање внатрешна рамнотежа, фокусирање на сопствените дела и желби како и поврзување со духовните нивоа.

Портал на Енергија и Нова Перспектива – За духовните истражувачи, 12.12 се смета за „ден на порталот“ кој овозможува повисоко ниво свест и чистење од емоционалните и кармичките терети.  Овој момент ни носи шанса за манифестирање на нашите најискрени желби и трансформација на животот во целост.

Како Паметно да го  Искористите овој Моќен Ден

Отпуштање – искористете го овој ден за да се ослободите од сè што не ви служи повеќе – старите навики, емоции или мисли кои ве блокираат. Едноставен ритуал со свеќа  или согорување на  ловоров лист, може да биде многу моќен. Аромата ве ослободува од стресот, дефинитивно!

Визуелизација – и Никола Тесла беше визионер пред да го направи тоа што ние денес го уживаме. Можете и вие – зошто да не? Замислете ја иднината што ја посакувате! Можеби вие ќе бидете творец на поинаква парадигма на живеење. Фокусирајте се на позитивни емоции и замислувајте како желбите, веќе се остварени.

Поврзување со Универзумот – Овој ден е одлична можност за молитва и мантра  која ја составило вашето срце или практики на благодараност. Најмоќната афирмација е токму таа, благодарноста. Секако, побарајте водсво и останете отворени за знаците кои ви ги испраќа универзумот.

Практики за заземјување: –  Додека сте во овој процес на духовната сфера, останете поврзани со реалноста. Шетајете во природа и поврзете се со фреквенцијата на Земјата, 7.83 Hz, позната како Шуманова фреквенција. Тоа е природниот ритам кој го усогласува човечкото тело со околината. Обрнете максимално внимание на звуците, мирисите и ќе ја почувствувате поддршката на Земјата. Практикувајте техники за дишење кои ќе ја потврдат природната поврзаност на вашето тело и ум со божественото.

12.12 како Врата за Дефинитивна Промена

Денес, вратата е отворена за трансформација и личен развој. Можете да го искористите овој ден за да направите чекор поблиску до вашата идеална реалност.